„Женско Мрежно Јадро“ претставува Коалиција од Советнички при Комисијата за еднакви можности од Општина Битола, претставнички од политички партии и НВО секторот на локално ниво.
Коалицијата претставуваше здружено делување на носечките владини и невладини претставнички пред и за време на Парламентарните Избори 2006 година, во насока на политичко јакнење на жените и нивно поголемо учество во структурите на Власта и во највисокиот законодавен орган – Парламентот на Р.Македонија.
За период од шест месеци беа едуцирани жени од 13 политички партии, Локалната Самоуправа и НВО секторот, се со цел да се постигне поголема политичка култура, почитување и практикување на одредбите од Законот за еднакви можности и Изборниот Законик.
На Парламентарните Избори 2006 во Парламентот на Р.Македонија од 5тата Изборна Единица, поточно од Општина Битола за прв пат беа делегирани две жени – |
|
парламентарки во новиот состав на Парламентот, како резултат на активното залагање на Здржението на жени „Престиж“- Битола како носител на проектот.
За промовирање на програмата и лицата вклучени во проектот, беше организирана јавна презентација на програмите и носителите на иборните листи од политичките партии од 5тата Изборна Единица.
Исто така, програмата опфати и реализација на тркалезна маса на која присувствуваа и активно учествуваа во истата Советниците од Локалната Самоуправа на Оптшина Битола, парламентаците од новиот состав на Парламентот, НВО престставници, медиуми и донаторот.
Дел од проектот се исто така и теренско истражување, ажурирање на WEB страна, медиумска кампања и подготовка и дистрибуција на анализа на податоци. |