prestiz_baner
За Нас... Искуства Програми Контакт
English Почетна



Kvinna till Kvinna

 

 

 

 

 

 
 


Здружение на жени “Престиж“- Битола
е невладино, непартиско и непрофитно здружение, конституирано во 1995 година, од група ентузијастки кои делуваат за подобрување на статусот на жените во Република Македонија. Здружението на жени “Престиж“ – Битола брои над 120 активистки, од урбани и рурални средини, жени со различно етничко потекло, возрасна структура и професионална определба.

 

Активности:

  • Промовирање, продлабочување и развој на родовата проблематика, преку организирање интерактивни едукативни работилници и обуки, собирање податоци од теренски истражувања и публикување на родови анализи
  • Медиумско интервјуирање, презентирање, промовирање, публикување на рекламен и промотивен материјал
  • Формирање и организирање лоби групи и кампањи
  • Организирање работилници (здравствена, правна, социјална сфера и човекови и малцински права), како и едукативни работилници, од аспект на третирање на насилството врз жената, превземање мерки против подведување на младите во малолетничка проституција, употребата на дрога и алкохол и други негативни појави.
  • Унапредување на соработката со Комисиии и институции на системот на локално и регионално ниво
  • Теренско истражување

 

Мисија на организацијата:

  • Промовирање и унапредување на родовиот концепт, на локално, национално и регионално ниво
  • Фундаментален опстанок на квалитетна родова социјална правда , човекови права и природа на демократија

 

Визија на организацијата:

  • Подигање на свеста на граѓаните  за подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво

 

Oрганизациона поставеност

Organization Chart

За остварување на своите статутарни одредби, ЗЖ “Престиж“ – Битола дејствува и ја унапредува положбата на жената, преку органите на одлучување:

  • Собрание - највисок орган на здружението, чии права и обврски се пропишани врз основа на статутот на општите акти, содржани во него;
  • Управен Одбор - се избира на годишно собрание, по пат на јавно гласање, со четиригодишен мандат и право на реизбор на членовите. Претседателот на здружението го претставува и застапува интересот на истото;
  • Надзорен Одбор -  го сочинуваат активистки од редовите на ЗЖ “Престиж“, кои се грижат за регуларноста при спроведувањето на одлуките, согласно Статутот на здружението.

 

Cоработка и мрежно поврзување
Во рамките на програмата на ЗЖ “Престиж“, во текот на 11 – годишниот период, посебно внимание се посветуваше на соработката и вмрежувањето на локално, национално и регионално ниво, со подрачни министерства, локални самоуправи, Владата на РМ, донаторски агенции, амбасади, НВО

ЗЖ “Престиж“ е член на мрежата на:  


Горе


© Copyright ЗЖ „Престиж“ Битола, Македонија
Веб Дизајн: ММСД Студио