| |
Студиска Посета во Босна и Херцеговина
Од 23 до 27 Јуни 2008, во организација на донаторската организација Квина тил Квина, две членки на ,,Престиж„ учествуваа на студиско патување во Босна и Херцеговина.
Предмет на патувањето беше посета на повеќе женски организации од градовите Бјелине, Бања Лука , Сараево и Више Град.
Членките на „Престиж“ исто така беа запознати со волонтерскиот ангажман на младите членки од Фондацијата ЦУРЕ од Сараево, кои со нивната програма настапуваат низ просторите на поранешните југословенски републики. Искуствата кои ги стекнаа членките од студиското патување ги пренесоа до сите свои членови и практично ќе ги применат во работењето на „Престиж“. Преку студиската посета активиските на „Престиж“ беа запознати со државното уредување на Босна и Херцеговина, со спомен обележјата од братоубиствената војна според исказите и дожививањата на генерал Јован Дивјак.

Горе
Работилници
Во склоп на реализацијата на проектот „Родови димензии во образованието", во текот ма месец Мај и Јуни 2008, Престиж реализира обуки за професорите од 7 средни училишта, Претставници на Совет на родители од средните училишта, Студенти од Педагошки факултет и Членови на комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола.
Целта на проектот е подигање на јавната свест за сензибилизирање на образовниот кадар, наставните планови и програми со реализација на обуки за родова еднаквост во средните училишта во Општина Битола. Односно, овозможување родово - сензитивен пристап во наставните содржини, нивна анализа и препораки за воведување на родовиот концепт во истите.
Работилниците беа креирани и реализирани со цел да го претстават родовиот концепт и да се развие дискусија за рамноправноста помеѓу жените и мажите.
Престиж поднесе барање до комисијата за еднакви можности, предлагајќи програма за имплементација на родовиот концепт на класните часови. Барањето ќе биде презентирано на состанок на Советото на Општина Битола каде се очекува истото да биде усвоено. Со тоа, Престиѓ ќе испони една од претходно зацртаните цели за воведување на родовиот концепт во образоиванието на локално ниво.
Горе
Настани
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Дата: 30.04.2008 го
Место: Ресторан „Белведере“
Организатор: Здружение на жени „Престиж“ - Битола
Модератор: Димиќ Маса и Савковиќ Александра - Здружение на жени „Престиж“ - Битола
Присутни: новинари од локалните Телевизиски куќи „Орбис“ и „Тера“ од весниците „Битолски весник“, „Јавност“ и од Радио Битола и преставници од НВО секторот.
Прес конференцијата ја водеше Димиќ Маса и Александра Савковиќ кои ги запознаа присутните со содржината , целните ,задачите и очекуваните реазултати од проектот ,,Родови димензии во образованието„.
За поконкретно запознавање на новинарите со содржините на проектот ,,Престиж„ подготви кратка информација која им беше поделена на сите присутни. Покрај информацијата на пресот се дистрибуираше и испечатениот рекламно- едукативен материјал.
На прес конференцијата беа презентирани очекуваните резултати од проектот:
- обучени професори, студенти, совет на родители и советници по родова еднаквост од седум средни училишта и факултетот за учители
- подготовка и печатење на анализа на наставните планови и програми и анализирани содржини по предметите македонски јазик и литература, социјаологија и историја.
- испечатен промотивно-рекламено, едукативен материјал -написи во печат
- подготвен и емитуван на ТВ СПОТ
- подготвен и емеитувана радио џингл порака
- организирање на тркалезна маса и јавна трибина
- јавна промоција на учесниците и подготовкакта на анализата.
- дистрибуција на рекламен материјал

Горе
СРЕДБА
Тема: Промовирање на Кодексот на однесување за фер избори 2008 год, МОЖЕМЕ И МОРАМЕ, Фер избори 2008
Дата: 28.05.2008 год
Место: Голема сала Општина Битола
Организатор: Здружение на жени „Престиж“ - Битола
Модератор: Александар Петковски - Национален Демократски Институт, Граѓанска асоцијација Мост, Димиќ Маса - Здружение на жени „Престиж“ - Битола
Гости на средбата: Амбасадор на Унгарија Г-дин Ференц Кекеши, политички партии, ВМРО ДПМНЕ - г-ца Анита Анагелевска, СДСМ - СОНЦЕ - г-дин Томе Наумов, ДУИ - Африм Јусуфи, преставници на НВО и МЗ
Кампањата содржи потпишување на кодекс на однесување за фер и демократски избори во Република Македонија.
Кодексот за фер избори беше потпишан на 8 мај во Скопје од страна на 36 политички лидери .Кодексот се одвиваше во вид на средби со преставници од политички партии ,од невладини организации вработени во месни заедници по 3 во секоја изборна единица , или вкупно 18 средби.
На средбите се имплементираше содржината за владеењето и правото на граѓаните, како и обврзувачкото однесување на истите за време на изборната камапања.
За време на состанокот беа поставени прашања до преставниците на политичките партии и Унгарскиот Амбасадор во Република Македонија.

Горе
ДЕБАТА
Дата: 26.05.2008 година
Место: Голема сала Општина Битола
Организатор: Извршната канцеларија на Форумот на Граѓански Здруженија
Модератор: Ѓорѓи Јошевски Граѓанска асоцијација и Димиќ Маса - Здружение на жени „Престиж“ - Битола
Гости на дебатата: кандидатите за пратеници од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ Г-ѓа Анета Стефановска, СДСМ-СОНЦЕ Г-ѓа Весна Бендевска, ДЕУИ Г-дин Африм Јусуфи, ЛДП Г-дин Горан Милевски, од 5-та изборна единица.
Организатори на средбата беа Здружението на жени „Престиж“ Битола и Граѓанската Асоцијација - Битола кои ги запознаа присутните со содржината и целта на средбата.
На средбата двете страни (Извршната канцеларија на Форумот на Граѓански Здруженија и претставниците од политичките партии) потпишаа Меморандум за соработка за коректно однесување и развивање на потесна меѓусебна соработка помеѓу НВО секторот и кандидатите-идни пратеници од 5тата изборна единица, за време и по изборниот циклус.
Потпишаниот Меморандум значи верифициран кодекс на однесување помеѓу пратениците и граѓанскиот сектор. На средба беше потвредено, дека пратениците и НВО секторот ќе организираат средби на секои шест месеци. На средбите ќе се врши сумирање на поставени и исолнети обврски, кои ги презентираа пред кандидатите за пратеници од Општина Битола.
Главниот акцент на средбата беше ставен на дадената подршка од страна на Форумот на Граѓански Здруженија до жените кандидатки за пратеници, согласно Законот за еднакви можности на мажите и жените, нивна поголема застапенот во власта и институциите на системот во Република Македонија.

Горе
|