| |
По повод меѓународниот ден на жената 8-ми март, на ден 05.03.2007 год., со почеток во 13 часот, во просториите на малата сала при Центарот за култура – Битола за прв пат се одржа „Избор на успешна жена за 2006 година“, во организација на Здружението на жени „Престиж“- Битола.
На манифестацијата присувствуваа конзуларни претставници, претставници од институциите на локално ниво, Градоначалникот и Советниците при Локалната Самоуправа на Општина Битола. Исто така, на манифестацијата беа присутни и поголем број на претставниците од НВО секторот.
Со цел што посвечено и поблиску се промовира концептот за родова еднаквост до граѓаните, Здружението на жени „Престиж“- Битола реалзизира промоција за Изборот на успешни жени од повеќе области: стопанство, судство, образование, безбедност, здравство и култура.
За изборот на номинираните претставници одлучуваше комисија од претставници, вработени во гореспоменатите области.
За успешни жени за 2006 година беа прогласени:
- Г-ѓа Донка Котевска – директорка на Средното Општинско Техничко Училиште „Ѓорѓи Наумов“- Битола
- Г-ѓа Верица Спасова – акушерка во гинеколошкото одделение при Клиничкиот центар „Др. Трифун Пановски“- Битола
- Г-ѓа Оливера Манели – Бандевска – секретар при Основен суд - Битола
- Г-ѓа Рада Секуловска – трговец
- Г-ѓа Наде Геневска – Брачиќ - етнолог – кустос при Завод, Музеј и Галерија
- Г-ѓа Јулијана Димовска - референт - матичар во Управата за јавна администрација при МВР Битола
Здружението на жени „Престиж“- Битола за време на промоцијата обезбеди видео документи за секоја од прогласените успешни жени пооделно, кои беа прикажани пред гостите. Исто така, за време на манифестацијата беа изложени и слики, насликани од поистакнати жени – сликарки од Општина Битола, како и слики на прогласената усшпешна жена - Г-ѓата Оливера Манели – Бандевска.
Во знак на благодарност за промовирање на ангажманот и успешноста на жените од Општина Битола, „Престиж“ подготви пофалници и обезбеди подароци, кои им беа врачени од страна на Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Валидмир Талевски. За неговиот сестран придонес во поддршката на Здружението на жени „Престиж“- Битола и другите НВОи од градот, му беше доделена благодарница.
Празникот 8-ми март, организаторот го одбележа во знакот на цвеќето, при што за сите присутни на манифестацијата обезбеди рози и каранфили.
Манифестацијата од поголем број на присутни беше оценета како мошне успешна и истата ќе остане во трајно раководство на Здружението на жени „Престиж“- Битола и традиционлно ќе продолжи да се организира во градот Битола.


|