| |
Здружението на жени „Престиж“- Битола функционира како женско јадро со 105 членки кои се со различна верска, национална припадност и занимање.
Членките на „Престиж“ имаат заедничка цел да градат високи критериуми на професионално ниво, преку транспарентена комуникација и смисол за постигање на подеднакви успеси.
Состаноци од проширен состав се реализираат еднаш месечно, каде присуствуваат голем број од членките и каде се разгледуваат тековни настани, се предлагаат акции, се организираат екскурзии и студиски посети.
Неделните состаноци преставуваат собир на проектни тимови, на кои се разгледуваат реализирани активности и се планираат идни за одреден временски период.
Тимови подготвуваат и месечни записници со информации реализирани во тековниот месец, кои се испраќаат до донаторите.

 |