prestiz_baner
За Нас... Искуства Програми Контакт
English Почетна



Kvinna till Kvinna

 

 

 

 

 

 
 
Програма за родови односи, политичко јакнење на жената - Програма МЦМС - Програма за работа со млади -
Борба против Семејното Насилство - Програма за работа со општата популација - Здравство


Програма за родови односи, политичко јакнење и развој на жените

Цели:

  • Промовирање на концептот за родова еднаквост, меѓу жените од рурални и урбани срединиво РМ;
  • Зајакнување на капацитетите на женските НВОи и имплементирање на родовиот концептот

 

Програма - МЦМС – Скопје:

2002 година беа технички опремени и поддржани 7 Ресорни Центри во Република Македонија, меѓу кои и Здружение на жени „Престиж“- Битола. Ресорните центри беа пет години финансиски поддржани од буџетот на МЦМС – Скопје.

Во рамките на програмата беа организирани обуки по родови односи, развој и здравствени едукации за женски НВОи од седум градови од Макеоднија, при што се едуцираа 96 жени. Од едуцираните жени 12 стекнаа дипломи за републички трењери по родова еднаквост.
Истата програма овозможи издавање и дистрибуција на билтенот Перспективи, кој се печатеше пет години и дистрибуираше низ Македонија.


Горе

Програма за работа со млади

Во рамките на програмата за работа со млади, Здружението на жени “Престиж“- Битола ги подготви следните проекти за млади:

  • „Реставрирање на детско игралиште“, финансиран од Инстиут за трајни заедници, во 1996 година
  • Борда против наркоманија и алкохолизам“, финансиран од PHARE програмата – Lien, во 1997 година
  • „Работа со волонтери во Р. Макеоднија“ финансиран од Мировен Корпус Макеоднија, во 2001 година.

Горе

Борба против Семејното Насилство

Најчесто, семејното насилство во нашите средини, се јавува од следниве причини: низок животен стандард, низок степен на образование и културно живеење, предрасуди и стереотипи во семејства, потекло на партнерите и од криење на случаеви од семејно насилство од јавноста.  
Превенциите против насилството во општеството, Здружение на жени “Престиж“- Битола ги превзема преку: 

  • Промовирање на резолуции за користење на човековите права
  • Лобирање за донесување реформи во законските норми во државата
  • Активности за подобрување на социјалната политика
  • Едукации за подигање на јавна свеста кај граѓаните

Во 2003, со финансиска поддршка од Владата на Република Германија, преку GTZ – Скопје, наменета за преспанскиот триаголник, ЗЖ “Престиж“ го реализира проектот “СТОП за насилството врз жената“, во период од 12 месеци, во регионот Битола – Лерин – Корча.
Целна група на проектот: жени од трите региони и околните рурални средини;
Цел на проектот: подигање на свеста на жените за присуството на семејното насилство и отворење проговарање за истиот проблем;
Предавачи: Маса Димиќ и Радмила Стојанова (Р. Македонија), Хриса Мансу (Р. Грција) и Клара Цело (Р. Албанија). Наведените, воедно, беа и координатори на програмата.        
Придобивки и остварени цели:

  • Подигната свест кај пошироката јавност за проблемот семејно насилство (преку едукации, превенции, отворени дискусии);
  • 4500 анкетирани граѓани од трите региони;
  • 2500 едуцирани жени;
  • Испечатен промотивен материјал (брошури, плакати и памфлети) на три јазици (македонски, грчки и албански јазик);
  • Снимени аудио и видео записи, ТВ спот;
  • Фотографии;
  • Формирана коалиција, преку мрежно поврзување на НВОи од трите региони.

Горе

Програма за работа со општата популација

Во текот на изминатите 11 години, во делот на програмата за работа со општа популација, за ЗЖ “Престиж“ дополнително се ангажираше во презентирање на културни, образовни, хуманитарни активности.  
За поблиски контакти со општата популација, односно, со цивилното општество, беше подготвена програма, која од почетокот на 1995, па досега, претрпе бројни промени, но, со единствена цел – унапредување на соработката со граѓанското општество, како директен учесник во реализирањето на овие активности. Се мисли на нивната соработка со поддршка во облик на кампањи, лобирања, анкетирања, донаторска, материјална, прехрамбена помош, наменета за социјално загрозени семејства, самохрани мајки, деца без родители, млади зависници и сл.                
Во контекст на оваа програма, беа организирани манифестации за одбележување на  верски и национални празници, од областа на културата и образованието, натпревари и сл.

Во делот на оваа програма, реализиравме:

  • Традиционална хуманитарна аукција, 1996 – 2005, по повод верскиот празник Св. Никола, на која членките на ЗЖ “Престиж“ со сопствени средства, подготвуваа прехрамбени производи со продажен карактер. Добиените средства беа наменети за социјално загрозени семејства и деца;
  • 6 манифестацииВешта жена“, 1997 – 2002, со натпреварувачки карактер, каде се презентираа производи за дегустација, декорирање и аранжирање на маси, на кои учествуваа жени со посебен афинитет кон кулинарските вештини;
  • Хуманитарен Велигденски хепенинг, 1999, обезбедување на прехрамени производи и хуманитарна помош за 300 граѓани;
  • Летна шема– детска манифестација, 1996 – 1999, по повод завршувањето на учебната година во Битола;
  • Хуманитарни акции во прехрамбени производи, 1995 – 2005, по повод новогодишните празници;
  • Доделување хуманитарна помош за социјално загрозени семејства, во вид на облека, обувки и училишни помагала (помошта беше добиена од германскиот контингент на KFOR во Македонија);
  • Собирање хуманитарна помош во облик на медицинки помагала и лекови, за настраданите во Р. Србија, 2000 година;
  • Собирање хуманитарна помош во облека, прекривки за социјално загрозени семејства, во текот на немилите настани во 2001, во РМ;
  • Пружање помош и прифаќање семејства од загрозените подрачја од Тетово, во текот на вооружениот конфликт во РМ, во 2001;
  • Одбележување на верскиот празник Василица;
  • Покровителство на секое новороденче, родено на денот на патронатот на ЗЖ “Престиж“;
  • Доделување еднократна и долгорочна помош на активистки на ЗЖ “Престиж“, по различни поводи.

Работата со општата популација, значи програма за демократија, преку едукации на населението, стекнување почит кон основните човекови права и слободи, јакнење на меѓуетничките односи во мултиетнички средини, каде постојат јазични, т.е. друг вид бариери. Токму низ вакви манифестации и активности, ЗЖ “Престиж“, без разлика на верската и националната припадност на граѓаните, подеднакво им помагаше и контактираше со нив, со што, ги надмина сите пречки, за порелаксирана меѓуетничка толеранција и соживот на граѓаните во РМ. 


Горе

Здравство

Жените во голема мера учествуваат во системот на нега на здравјето како пружатели на нега и како пациенти. Повеќето од оние кои работат во здравствениот сектор се жени. Истражувањата покажуваат дека жените се главни извори на примарна здравствена нега, кои нудат мерки за подобрување на здравствениот статус на семејството и заедницата. Голем број од програмите на ЗЖ “Престиж“ се фокусираат на здравјето на мајчинското и детското здравје и на планирањето  на семејството.
Жените го обезбедуваат најголемиот дел од (неплатената) здравствена грижа во семејството и заедницата, а малку се застапени во процесот на донесување одлуки во заедницата и имаат ограничено влијание врз распоредувањето на средствата за здравствена нега во домаќинствата.
Приоритетно е да се обрне внимание на потребите на жените, од здравствен аспект, во општествено – културните околности и нивниот здравствен статус, преку адекватно користење на здравствени услуги.
Инвестициите во здравјето на жените претставуваат подобрување на нивната добросостојба и квалитетот на нивниот живот, со што, паралелено се подобрува животот на членовите на нивните семејства и во општеството.                                                                 
Програмата за здравствена едукација на ЗЖ “Престиж“ опфаќа:

    • Ментално здравје;
    • Репродуктивно здравје.


Реализирани проекти
од здравствената сфера:

    • Ментално здравје“, ЕСЕ – Скопје;
    • Репродуктивно здравје“, ЕСЕ – Скопје и CRS - Скопје;
    • Наркоманија и алкохолизам“, GVC, преку PHARE програмата

Место на реализирање: Битола, с. Кравари, с. Бистрица, с. Горно Оризари и с. Буково;
Целни групи: жени од рурални и градски средини и ученици од средните училишта во Битола;
Предавачи: Др. Елизабета Божиновска, Др. Петкана Балевска, Др. Стефан Бојаџиев, Гордана Лозановска, Валентина Поповска
Цели на проектите: формирање на групи за помош и самопомош за решавање проблеми од областа на ментално и репродуктивно здравје кај жените.                
Придобивки и остварени цели:

  • Подигната свест на жените за репродуктивно и ментално здравје;
  • Формирани групи за помош и самопомош;
  • Едуцирани над 220 жени и 300 ученици од училиштата во Битола;
  • Анкетирани 500 граѓани;
  • Формирана мрежа од здравствени едукатори од Скопје, Тетово, Штип и Битола;
  • Мрежно поврзување по програмата здравствена едукација на НВО од Скопје, Битола, Тетово и Штип.

Горе

© Copyright ЗЖ „Престиж“ Битола, Македонија
Веб Дизајн: ММСД Студио