Во 2006 година, Здружението на жени „Престиж“- Битола го реализира проектот „Препознавање на разликите на ХИВ/СИДА и СПИ“ во период од шест месеци, кој беше финансики поддршна од Мировен Корпус Македонија. Истиот се однесуваше на подигање на свеста на младите за ризикот од ХИВ/СИДА и сексулано преносливите инфекции (СПИ). Преку проектот беа реализирани интерактивни едукативни работилници наменети за ученици и студенти од Општина Битола.
Со програмата организирани беа и три дебатни телевизиски соочувања помеѓу едуцираните целни групи, здравствени работници, професори, претставници од НВО секторот и медиумите. |
|
На истите беше дискутирано на теми:
- „Препознавање на разликите на ХИВ/СИДА“
- „Симптоми и препознатливост на сексуално преносливи инфекции“
- „Со превенција и едукација, помалку до ризик“
Овој проект предизвика голем интерес кај младите од Општина Битола како и кај претставниците и релевантни фактори од институциите на Општина Битола, кои се занимаваат со ваквата проблематика. |