prestiz_baner
За Нас... Искуства Програми Контакт
English Почетна



Kvinna till Kvinna

 

 

 

 

 

 
 

 


 



Горе

 

Од 2000 до 2003 година Здружение на жени „Престиж“- Битола работеше на промовирање на четири проекти:

  • Таа треба да знае“ (финансиран од Америчката Амбасада во Скопје);
  • Кампања против малолетничка проституција“ (финансиран од Америчката Амбасада во Скопје);
  • Слободно да проговориме“ (финансиран од МЦМС – Скопје);
  • Отворена врата – СОС телефон“ (финансиран од Америчката Амбасада во Скопје)

Преку овие проекти органзирани беа интерактивни работилници наменети за ученици од 7 средни училишта од Општина Битола. Притоа беа обучени над 700 ученици, воедно беше ставен во функција СОС телефонска линија на која малтретирани млади ги посочуваа проблемите пред стручни соработници на „Престиж“ - Битола.
Со проектите беа иницирани и низа други проблеми во врска со трговијата на луѓе, семејното насилство, употребата на дрога, облиците на малолетничка проституција кои на организирани јавни трибини отворено дискутираа за истите.
Беше спрoведено теренско истражување за присутноста на малолетничката проституција во средните училишта и се дојде до констатација дека истата постои но во различни форми за што учениците не беа свесни дека директно или индиректно се инвилвирани во истата.
Со овие проекти се подигна свеста кај младите за начините на подведување, формите на проституција, воедно беа обучени за превентивна заштита и давање отпор на насилниците и подведувачите.
Овие проекти беа финансирани од Америчката Амбасада во Република Македонија.

 


Горе

 


Горе

 

СТОП за насилството врз жените

Овој проект е релизиран во 2003 година со финансиска поддршка од GTZ – Германска Влада, со претставништво во Република Македонија.
Проектот се одвиваше во три фази, во период од 12 месеци, на регионите на Р.Макеоднија, Р. Грција и Р. Албанија. Активностите се однесуваа на процентот на присутност на семејното насилство во трите региони. За тоа беа организирани погранични средби во градовите: Битола - Македонија, Лерин - Грција и Корча - Албанија, на кои присувствуваа парнирите во проектот.
Проектот иницираше и решаваше проблеми, регистрирани преку повеќе дневни медиумски кампањи во врска со насилството во рурални и урбани средини. Според извршените анализи, констатирано беше дека најзастапено семејното насилство во Р. Албанија, Р.Македонија, а најмалку застапено во Р. Грција. Ваквиот однос се должи на превенцијата и заштитата што ги обезбедуваат државите.
Во Р. Македонија за Законикот против насилство врз жените многу НВОи лобираа за прочистување на одредбите од истиот на што се должи и ваквата бројка на насилства.

 


Горе


Горе


Горе

© Copyright ЗЖ „Престиж“ Битола, Македонија
Веб Дизајн: ММСД Студио