| |
Хуманитарни Активности
-
Традиционална хуманитарна аукција, 1996 – 2005, по повод верскиот празник Св. Никола, на која членките на ЗЖ “Престиж“ со сопствени средства, подготвуваа прехрамбени производи со продажен карактер. Добиените средства беа наменети за социјално загрозени семејства и деца;
-
6 манифестации “Вешта жена“, 1997 – 2002, со натпреварувачки карактер, каде се презентираа производи за дегустација, декорирање и аранжирање на маси, на кои учествуваа жени со посебен афинитет кон кулинарските вештини;
-
Хуманитарен Велигденски хепенинг, 1999, обезбедување на прехрамени производи и хуманитарна помош за 300 граѓани;
-
“Летна шема“ – детска манифестација, 1996 – 1999, по повод завршувањето на учебната година во Битола;
-
Хуманитарни акции во прехрамбени производи, 1995 – 2005, по повод новогодишните празници;
-
Доделување хуманитарна помош за социјално загрозени семејства, во вид на облека, обувки и училишни помагала (помошта беше добиена од германскиот контингент на KFOR во Македонија);
-
Собирање хуманитарна помош во облик на медицинки помагала и лекови, за настраданите во Р. Србија, 2000 година;
-
Собирање хуманитарна помош во облека, прекривки за социјално загрозени семејства, во текот на немилите настани во 2001, во РМ;
-
Пружање помош и прифаќање семејства од загрозените подрачја од Тетово, во текот на вооружениот конфликт во РМ, во 2001;
-
Одбележување на верскиот празник Василица;
-
Покровителство на секое новороденче, родено на денот на патронатот на ЗЖ “Престиж“;
-
Доделување еднократна и долгорочна помош на активистки на ЗЖ “Престиж“, по различни поводи.
Светиниколска Вечер

Горе
Пакетчиња за Божиќ
Горе
Пакет за Болница
|