prestiz_baner
За Нас... Искуства Програми Контакт
English Почетна



Kvinna till Kvinna

 

 

 

 

 
 

Нa 09.07.2007 година во Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во организација на Здружението на жени „Престиж“- Битола, Граѓанска Асоцијација и Движењето за околина „Молика“- Битола се организираше средба на претставници на НВОи од Битола.
Формирањето на Форумот на НВОи од Битола беше инициран заради потребата на НВОите за формирање на тело на ниво на Општина Битола, кое ќе ги застапува истите и ќе ги јакне капацитетите на организациите – членки на Форумот.
На оваа средба беа предложени сектори и органи на делување. Предложените сектори на делување беа:

  1. Човекови права и млади
  2. Жени, детски права и социјала
  3. Животна средина и заштита на природата
  4. Човеково здравје и борба против зависности
  5. Култура и образование
  6. Мултиетнички заедници
  7. Законодавно – правен сектор

Предложени органи на делување на Форумот се:

  1. Собрание – формирано од сите членки НВОи
  2. Граѓански Комитет/ Управен Одбор – од 7 – 9 членки НВОи
  3. Советодавен Одбор/ Надворешни членови – 5 лица
  4. Извршна канцеларија – 3 членки НВОи – оснивачи на Форумот (Здружение на жени „Престиж“- Битола, Граѓанска Асоцијација и Движење за околината „Молика“- Битола

На оваа средба во формираниот Форум на НВОи се приклучија вкупно 15 членки НВОи, а до следниот состанок се очекува да се приклучат уште 20 членки НВОи од Битола.

 

© Copyright ЗЖ „Престиж“ Битола, Македонија
Веб Дизајн: ММСД Студио