| |
На 21.03.2007 година по повод 21 Март – Ден на пролетта, Денови на екологијата во организација на Здружението на жени „Престиж“- Битола, Движењето за околина „Молика“, Американското Катче од Битола и Локалната Самопурава на Општина Битола, организираа Јубилејно 10-то Еколошко Дефиле во Битола.
На дефилето свое учество зедоа деца од градинките, ученици од основните училишта од Општина Битола, претставници на НВОи, медиуми и граѓани.
Дефилето започна на плоштадот Гоце Делчев – Битола со почеток во 11.00 часот, кога сите учесници на манифестацијата со транспаренти со еколошки пораки продефилираа низ Широк Сокак до плоштадот Магнолија.
Централната манифестација се реализираше на плоштад Магнолија со почеток во 11.30 часот со свечено отворање од страна на Градоначалникот на Општина Битола – Владимир Талевски. Акцијата продолжи со изведба на детски музички нумери од страна на деца од градинките и деца – пеачи од детските фестивали од Битола.
Исто така, за време на манифестацијата група деца од градинките и основните училишта од Битола на плочникот пред плоштадот со креди во боја цртаа и пишуваа еколошки пораки и цртежи. Здружението на жени „Престиж“- Битола по повод овој настан подготви рекламен материјал – флаери со еколошки пораки, декоративни материјали – цвеќиња, капи и креди во боја.


|